Хари Потер и Одајата на тајните Содржина Содржина | Листа на поглавја | Време на случувања | Пред да излезе во продажба | Македонската верзија | Референции | Прегледникподобрувањето на оваа статијаподобрете ја оваа статијаJ. K. Rowling Official SiteJ. K. Rowling Official Siteу1904559634688806-8
Книги за Хари Потер
англискиЏ. К. Раулинг2 јули199815 ноември2002истоимен филм
(function()var node=document.getElementById("mw-dismissablenotice-anonplace");if(node)node.outerHTML="u003Cdiv class="mw-dismissable-notice"u003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-close"u003E[u003Ca tabindex="0" role="button"u003Eтргниu003C/au003E]u003C/divu003Eu003Cdiv class="mw-dismissable-notice-body"u003Eu003Cdiv id="localNotice" lang="mk" dir="ltr"u003Eu003Cpu003EСледете ја Википедија на македонски јазик на u003Cbu003Eu003Cspan class="plainlinks"u003Eu003Ca rel="nofollow" class="external text" href="https://www.facebook.com/mk.wikipedia"u003EFacebooku003C/au003E!u003C/spanu003Eu003C/bu003Enu003C/pu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003Eu003C/divu003E";());
Хари Потер и Одајата на тајните
Прејди на прегледникот
Прејди на пребарувањето
Хари Потер и Одајата на тајните | |
---|---|
Оригиналната корица на оваа книга | |
Автор | Џ. К. Роулинг |
Наслов на оригиналот | Harry Potter and the Chamber of Secrets |
Преведувач | Благородна Богеска-Анчевска |
Илустратор | Клиф Рајт Мери ГрандПри |
Земја | Обединетото Кралство |
Јазик | Англиски |
Серијал | Хари Потер |
Жанр(ови) | Фантазија |
Издавач | Bloomsbury Scholastic Raincoast Култура |
Издадена | 2 јули, 1998 2 јуни, 1999 13 септември, 2002 |
Страници | 251 341 297 |
Претходна | 'Хари Потер и Каменот на мудроста' |
Следна | 'Хари Потер и Затвореникот од Азкабан' |
Хари Потер и Одајата на тајните (англиски: Harry Potter and the Chamber of Secrets), е вториот дел од Хари Потер серијата на книги напишани од Џ. К. Раулинг. Книгата беше издадена на 2 јули, 1998. На 15 ноември, 2002 беше прикажан и истоимен филм базиран на книгата.
Содржина
1 Содржина
2 Листа на поглавја
3 Време на случувања
4 Пред да излезе во продажба
5 Македонската верзија
6 Референции
Содржина |
Оваа статија или заглавие има потреба од викифицирање за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме помогнете во подобрувањето на оваа статија со соодветни внатрешни врски. |
Оваа статија можеби бара дополнително внимание за да ги исполни стандардите за квалитет на Википедија. Ве молиме подобрете ја оваа статија ако можете. |
Хари е повторно дома со Дарслиеви. Ова лето е како секое лето за Хари досадно и полно со надежи дека наредната учебна година ќе биде прекрасна. Ова лето може да се каже е едно од најлошите лета досега за Хари. Вернон и Петунија му забрануваат на Хари воопшто да ги извади волшебното стапче, метлата и книгите. Хари се повеќе губи надеж кога гледа дека неговите најдобри пријатели Рон и Хермиона сѐ уште му немаат пратено писмо. Но токму на неговиот дванаесети роденден Хари добива неочекувана посета. Доби едно куќно џуџе го посетува Хари и му забранува да се врати во Хогвортс. Доби му признава дека тој ги криел писмата од Рон и Хермиона цело лето. Хари повторно е полн со надеж но бара начин да го избрка Доби. Откако Доби ќе направи еден инцидент во куќата на Хари со помош на магија, Хари добива писмо од министерството за магии дека ако уште еднаш употреби магија ќе биде избркан од Хогвартс. Со ова Петунија и Вернон веќе немаат страв дека Хари ќе им направи нешто со помош на магија и му ставаат решетки на прозорците да не може да бега. Но една вечер другарот на Хари со помош на летачката кола на татко му доаѓа на прозорецот на Хари и го спасува Хари.
Фред и Џорџ Визли заедно со Рон Визли го спасуваат Хари и го носат во Дувлото, нивниот дом. По еден возбудлив месец поминат во Дувлото, сите одат на перонот 9¾ на Кинг Крос Станицата да се качат на Хогвартс Експрес и да се упатат на училиште. На нивно изненадување, Хари и Рон неможат да ја поминат бариерата помеѓу перонот 9 и 10. Во очај, тие ја земаат волшебната летачка кола на таткото на Рон и се упатуваат накај Хогвартс но се удираат во Врбата Брзоберка и стапчето на Рон се крши. Колата ги исфрла сите работи и се упатува накај забранетата шума.
Хари пристигнува во Хогвортс и се оди по старо. Часовите по Историја на волшебништвото досадни како секогаш, часовите по напивки полни со омраза и злоба поради професорот Снејп, кај професорката Мегонагл како секогаш возбудливо кога се учи нова магија но здодевно кога се пишуваат долги текстови, часовите по Магии интересни и смешни како секогаш а пак часовите по Хербологија се поинтересни поготово за Невил откако учениците од втора година се во новите стаклени градини. Но по часовите по Одбрана од мрачните сили е навистина чудно, новиот професор Гилдерој Локхарт се однесува многу чудно, постојано се фали поради тоа што е позната личност и го тера Хари да му помага во потпишување автограми и други здодевни работи. Хермиона и другите девојчиња поготово Лаванда и Сузан се заљубени во Локхарт, а пак Рон и Хари заедно со повеќето машки неможат да го поднесат Локхарт. Сер Николас го слави и својот 500 годишен смртоден а тоа е на денот на Ноќта на вештерките каде Хари е поканет. Но нештата во Хогвортс целосно се изменуваат кога Хари почнува да слуша чудни гласови и со Рон и Хермиона наоѓаат мистериозни натписи на ѕидот напишани со крв. Почнуваат и чудни напади во Хогвортс кога госпоѓа Норис е најдена скаменета а и Колин Креви заедно со Сер Николас скаменети. Сите го обвинуваат Хари за нападите но тој не е виновен за ништо. На натписите пишува дека Одајата на тајните е повторно отворена и дека непријателите на наследникот ќе бидат повредени. Кога учениците ќе ја слушнат легендата за Одајата на тајните почнуваат да се прашуваат кој е наследникот. Легендата гласи: четворицата основачи на Хогвортс Годрик Грифиндор, Хелга Хафлпаф, Ровена Рејвенкло и Салазар Слитерен кога го основале училиштето дошло до караници Салазар Слитерент се борел со останатите да во Хогвортс не учат блатокрвци (волшебници и волшебнички од неволшебничко семејство) но бидејќи не успеал да се избори да тоа се оствари останатите го избркале. Но според легендата Салазар Слитерент направил тајна одаја во која скрил страшно чудовиште кое еден ден ќе излезе и ќе го исчисти училиштето од блатокрвците.
Сите се многу уплашени од легендата и повеќето се сомневаат дека наследникот на Слитерент е Драко Малфој. Поради овие сомнежи Хари, Рон и Хермиона започнуваат да ја прават полисоковната напивка. Напивка која ќе им овозможи на тројцата да се претворат во тројца ученици од Слитерент и да го испрашаат Малфој дали знае кој е наследникот или дали е тој наследникот. Хермиона се досетува да ја прави напивката во скришната бања каде што живее Мрачната Мирта. Дух на девојче кое има многу пискав глас и сите ја мразат. Таа е многу чудна но станува пријателка со Хари, Рон и Хермиона. Кога полисоковната напивка е направена Хари и Рон се претвараат во Креб и Гојл најдобрите пријатели на Малфој. Кога дознаваат од Малфој дека тој не е наследникот а не ни знае кој е се враќаат во својата форма освен Хермиона која по грешка станува мачка. Нештата стануваат уште почудни кога Гилдерој основа секција по двобој. На секцијата по двобој Хари почнува борба со Малфој во текот на борбата Малфој прави магија од која се создава змија, но најчудно од се е кога Хари почнува да комуницира со змијата и сите се стаписуваат. Сите дознаваат дека Хари може да зборува со змии и почнуваат сомнежи дека можеби тој е наследникот на Слитерент.
Хари еден ден наоѓа мистериозен дневник во бањата на Мирта. Во дневникот тој си го пишува името и одеднаш сфаќа дека тој може да комуницира со дневникот. Се запознава со сопственикот на дневникот Том Ридл (Том Загатката). Хари го прашува Том преку дневникот дали знае нешто за одајата и тој му кажува дека знае но дека не може да му покаже. Хари се разочарува но одеднаш погледнува во дневникот на кој се појавуваат букви кој велат „но можам да ти покажам“. Одеднаш Хари влегува во дневникот и сфаќа дека Том го довел во минатото каде го гледа Том како разговара со Дамбладор и како во истиот момент од скалите луѓе носат девојка на која Хари и ја гледа само раката во погребална количка. Откако Том го завршува разговорот со Албус се упатува на едно место во една соба каде е и Хагрид и како Том му кажува на Хагрид дека ако не го убие суштеството што го чува ќе мора да каже дека тој има такво суштество и му кажува дека тоа суштество е одговорно за смрта на тоа девојче. Кога Хагрид одбива да го убие и тврди дека тоа не е одговорно за смрта на таа блатокрвка Том со магија го крши ковчегот и од таму излегува доста голем пајак. Во тој момент Хари сфаќа зошто Хагрид е избркан од Хогвортс кога бил уште мал. Хари им кажува на Рон и Хермиона дека можеби Хагрид е тој што ја отворил одајата на тајните пред многу години и тој го има чудовиштето, но бидејќи Хермиона станува жртва на скаменувањето Хари и Рон мораат сами да истражуваат. Поради нападот на Хермиона, Корнелиус Фаџ (министерот за магии) решава да ги суспендира Хагрид и Албус во Азкабан. Но пред Хагрид да си отиде им кажува дека тој не е виновен и им дава трага да ги следат пајаците во шумата. Тие ги следат пајаците кој најчесто се каде што се наоѓаат жртвите и одат во Забранетата шума каде го сретнуват Арагог џиновска тарантула. Тие се претставуваат како пријатели на Хагрид и го прашуваат на Арагог дали Хагрид ја отворил одајата на тајните пред многу години и дали Арагог е одговорен за нападите. Кога тој им кажува дека тој не е одговорен, дека Хагрид е невин и дека чудовиштето од одајата е родено во замокот. Хари и Рон откако ќе се извлечат од ненајдениот напад на пајакот решаваат да продолжат со истражувањето. Поради сите случки Хари од ден на ден се повеќе се сомнева дека капата бирачка го згрешила и дека тој треба да биде во Слитерент.
Хари и Рон додека тагуваат по Хермиона и поради стравот училиштето да не биде затворено наоѓаат во скаменетата Хермиона мало парче хартија кое им открива се. Тие гледаат дека тоа е скинат лист од книга на кое има информации за змија по име Басиликс. Хари и Рон одеднаш се вклопуваат. Басиликс е џиновската змија која се наоѓа во одајата на тајните и таа е чудовиштето кое ги скаменува учениците. Но басиликсот всушност освен што има смртоносен убод кој ќе го погледне во очи веднаш умира. Но ако е тоа вистина тогаш како сите ученици се скаменети. Хермиона го видела басиликсот преку огледалото кое го држела во рака, Колин го видел преку апаратот, Џастин го видел преку сер Николас, а сер Николас бидејќи е дух не може да умре повторно иако го видел право во очи и мачката Норис го видела одразот на басиликсот преку водата на подот. А објаснување за тоа како Хари ја слушал змијата е тоа бидејќи тој е змијоуст и како што открила Хермиона таа се движела по водоводните цевки и така Хари ја слушал по ѕидот. Откако открија се Хари и Рон почнуваат да трчаат накај заедничката соба на Грифиндор но на пат натаму гледаат како сите професори се загледани во новиот натпис на ѕидот кој гласи „нејзиниот скелет вечно ќе лежи во одајата на тајните“. Хари и Рон стојат стаписани и во истиот момент дознаваат дека се работи за ЏИНИ ВИЗЛИ. Кога професорката Мегонагол и професорот Снеј одлучуваат да го пратат Гилдерој Локхарт да ја најде Џини Визли, Хари и Рон се упатуваат по него за да му помогнат во потрагата но тие се шокирани кога гледаат дека Глидерој всушност не се потготвува да ја најде Џини туку да си замине од Хогвортс. Тој им признава на Хари и Рон дека е преварант и дека не знае ништо за волшебништвото освен магиите за памтење за кои е експерт. Тој ги крадел делата на познати волшебници и ги правел дека се негови а за да биде сигурен дека тие нема да го откријат им ги бришел сеќавањата. Хари и Рон му се закануваат дека ќе го повредат ако не дојде со нив во одајата на тајните. Таму Хари и Рон откриваат дека Мирта е девојчето кое е убиено пред многу години кога е отворена одајата на тајните. Хари ја прашува Мирта како умрела а таа му вели дека еден ден нејзина непријателка ја задевала за очилата, Мирта плачејќи влегла во една кабина во женската бања и одеднаш слушнала машки глас како зборува на некој чуден јазик кога ја отворила кабината да го избрка умрела. Единствено што видела биле големи одвратни жолти очи од една чешма во таа бања. Со тоа Хари сфаќа дека таа чешма е влезот во одајата кога гледа дека на чешмата има знак на змии тој на змиски и кажува на одајата да се отвори. Кога таа се отвара сите влегуваат но таму Гилдерој го зафркнува Рон и му го зема стапчето таму им вели дека ќе им ги избрише сеќавањата и дека кога ќе излезе од одајата ќе излаже дека тие двајца трагично умреле, а Џини била веќе мртва кога стигнале таму. Но кога ќе ја изрече магијата бидејќи стапчето на Рон е скршено таа се одразува на него и тој го губи сеќавањето. Хари мора да продолжи сам и влегува во одајата на тајните таму ја наоѓа Џини како лежи полу мртва а од другата страна Том Ридл. Хари го прашува Том од каде е тој тука а тој му вели дека Том е наследникот на Слитерент и дека всушност самото име кажува нешто. Тогаш тој си го испишува името на ѕидот Том Марвало Ридл
и кога ќе ги измеша буквите се на пишува на ѕидот Јас сум Лорд Волдеморт. Хари останува стаписан што тоа е Волдеморт всупност негова меморија заробена во дневникот. Том му кажува дека тој преку дневникот ја натерал Џини да ја отвори одајата на тајните да ги најде блатокрвците и дека таа ги пишувала натписите на ѕидот. И дека пополека таа умира и како што умира Том станува од меморија во вистина. Том тогаш го ослободува Басиликсот и му наредува да го убие Хари. Хари се обидува да избега не гледајќи го во очи но во тој момент влегува Фокс (фениксот на Дамбладор) и му ја фрла капата бирачка на Хари тогаш фениксот му ги повредува очите на басиликсот и Хари е во можност да го гледа. Басиликсот почнува да го следи Хари по мирисот а Хари наоѓа начини да се ослободи од него кога е во најголем очај од капата бирачка излегува меч со кој Хари го победува Басиликсот но тој успева да еден заб остане во раката на Хари. Хари полу мртов бидејќи од отровот треба да умре ја допира Џини и со забот од Басиликсот го прободува дневникот на Том и Том исчезнува засекогаш. Но тогаш Фокс доаѓа и со неговите солзи го лечи Хари.
Хари и Рон заедно со Локхарт и Џини излегуваат од одајата и се враќаат во Хогвортс. Таму Дамбладор е вратен на функција и се е разрешено. Но Хари му се исповеда на Дамбладор дека не е сигурен дали припаѓа во Грифиндор. Дамбладор му објаснува дека можеби ги има сите работи што ги има и Волдеморт но тие се разликуваат во изборот кога капата бирачка била ставена на Хари таа била решена да го стави со Слитерент но бидејќи Хари ја замолил да го стави во Грифиндор тој припаѓа во Грифиндор. А ако сѐ уште не е сигурен да види на мечот со кој се бореше, Хари погледнува на мечот и го здогледува изграфирано името на Гордик Грифиндор. Во истиот момент Луциус Малфој влегува со Доби така хари сфаќа дека Луциус е господар на Доби. Откако Луциус ќе покаже дека го мрази Хари си заминува од канцеларијата. На Хари му доаѓа идеја тој го зема дневникот на Том и во него ја става својата лева чорапа. Потоа му го враќа дневникот на Луциус кој вели дека тоа не е негов, потоа Луциус му го подава дневникот на Доби кој ја наоѓа внатре чорапата. Доби станува слободен бидејќи кога некој господарот му даде парче облека на некое куќното џуџе, џуџето станува слободно. Доби си заминува а Хари за возврат го замолува да му вети дека никогаш повеќе нема да се обиде да му го спаси животот. Професорката Спраут ги изгледува нејзините растенија и заедно со Мадам Помфри прават напивка и сите скаменети оживуваат. Хермиона, Хари и Рон повторно се заедно и среќни за се. Хагрид е ослободен од Азкабан. И книгата завршува среќно.
Листа на поглавја |
Глава | Оригинален наслов | Насловот во македонската верзија | |
---|---|---|---|
1. | The Worst Birthday | Најлошиот роденден | |
2. | Dobby's Warning | Предупредувањето на Доби | |
3. | The Burrow | Дувлото | |
4. | At Flourish and Blotts | Во Подем и Пад | |
5. | The Whomping Willow | Врбата-боздоганка | |
6. | Gilderoy Lockhart | Гилдерој Срцекршки | |
7. | Mudbloods and Murmurs | Нечиста крв и шепотење | |
8. | The Deathday Party | Смртоденска забава | |
9. | The Writing on the Wall | Натписот на ѕидот | |
10. | The Rogue Bludger | Здивениот боздоган | |
11. | The Duelling Club | Секција по двобој | |
12. | The Polyjuice Potion | Полисоковната напивка | |
13. | The Very Secret Diary | Таинствениот дневник | |
14. | Cornelius Fudge | Корнелиус Сматков | |
15. | Aragog | Арагог | |
16. | The Chamber of Secrets | Одајата на тајните | |
17. | The Heir of Slytherin | Наследникот на Змијолик | |
18. | Dobby's Reward | Наградата на Доби |
Време на случувања |
Одајата на тајните е првата книга која покажува во кое време се одвиваат настаните во сите книги. Скоро безглавиот Ник го слави својот 500-ти смртоден на ноќта на вештерките и е кажано дека тој умрел 1492, што значи дека настаните се случуваат 1992-1993 училишната година.
Пред да излезе во продажба |
Во раните почетоци на пишувањето на книгата, авторот направила да Сер Николас пее во тек на книгата песна која ќе каже се за неговата состојба и како умрел. Тој материјал бил исфрлен од книгата бидејќи издавачот не се грижел за поемата, иако таа може да се прочита на страната на Џ. К. Роулинг.[1]. Уште едно нешто било отфрлено од Одајата на тајните а тоа било семејната позадина на Дин Томас, која исто така била тргната бидејќи Роулинг и издавачите ја сметале како „непотребна дигресија“ и таа смета дека патувањето на Невил Лонгботом до „поглавно дејство“ поважно[2].
Оваа книга е тематски поврзана со шестата книга од серијата, Хари Потер и Полукрвниот Принц. Всушност, Полу-крвниот Принц бил под насловот на Одајата на тајните и неколку „клучни“ работи од таа книга требале да бидат во оваа книга, но Роулинг сметала „дека на тие информации вистинскиот дом им бил во шестиот дел“[3].
Првите неколку изданија имале доста грешки во печатењето, кои подоцна биле поправени кога книгата се препечатела. Вклучувајќи: Дамбладор кажува дека Волдеморт е последниот преживеан предок на Салазар Слитерент, наместо последниот потомок на Салазар. Најпрвин, книгата на Локхарт за врколаци е насловена „Викенди со Врколаци“, а потоа е спомнувана како „Прошетки со Врколаци“.
Македонската верзија |
Како и останатите книги за Хари Потер кои се преведени на македонски, преведувачот Благородна Богеска-Анчевска презимињата а и имињата на некои ликови ги променила. Хари Потер и Албус Дамблдор се останати исти додека цело семејство Визли е станато Снајдоски, Хермиона Гренџер е Хермиона Желбогорска, Професорката Минерва Мегонагол е Минерва Окалкоска, Професорот Филиус Флитвик е Филиус Вејниветерски, Северус Снејп е Северус Зајадливски, Гилдерој Локхарт е Гилдерој Срцекршки, Професорката Помона Спраут е Фиданка, семејството Дарсли се Ситникоски, Том Ридл е Том Загатка, Министерот Корнелиус Фаџ е Корнелиус Сматков, семејството Малфој е Лошоткоски, Грифиндор е станат Орлолав, Слитерент е Змијолик, Хафлпаф е Уфипуф, Рејвенкло е Гавранокт итн. Во сите книги овие имиња се вакви но само во овој дел преведувачот Благородна има напишано специјално белешка на преведувачот во која кажува повеќе за Хари Потер книгите и има објаснување зошто ликовите се така „преведени“. Има дадено пример дека како што Хензел и Гретел кај нас се станати Јованче и Марика, Сноувајт е станата Снежана, Синдерела е Пепелашка и др. Македонската книга е прекрасно направена од корицата па се до белешката на преведувачот. Исполнета е со хумор и возбуда исто како и англиската верзија. Оваа книга во македонија беше издадена 13 септември 2002 за разлика од англиската која е издадена 1998 во Британија а 1999 во Америка. Иако е издадена доста покасно во Македонија продажбата достгна голема цифра и овој дел како и останатите стигна голем успех во Македонија. Книгоиздавателство Култура ја издава книгата во Македонија.
Референции |
↑ J. K. Rowling Official Site
↑ J. K. Rowling Official Site
↑ http://www.jkrowling.com/textonly/en/news_view.cfm?id=77 J. K. Rowling Official Site
|
|
Категорија:
- Книги за Хари Потер
(window.RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgPageParseReport":"limitreport":"cputime":"0.248","walltime":"0.407","ppvisitednodes":"value":1044,"limit":1000000,"ppgeneratednodes":"value":0,"limit":1500000,"postexpandincludesize":"value":71540,"limit":2097152,"templateargumentsize":"value":12968,"limit":2097152,"expansiondepth":"value":10,"limit":40,"expensivefunctioncount":"value":0,"limit":500,"unstrip-depth":"value":0,"limit":20,"unstrip-size":"value":1166,"limit":5000000,"entityaccesscount":"value":1,"limit":400,"timingprofile":["100.00% 320.742 1 -total"," 23.96% 76.836 1 Шаблон:Нормативна_контрола"," 23.59% 75.660 1 Шаблон:Инфокутија_за_книга"," 19.91% 63.851 1 Шаблон:Infobox"," 17.97% 57.637 1 Шаблон:Хари_Потер"," 16.18% 51.904 1 Шаблон:Navbox_with_columns"," 10.81% 34.666 1 Шаблон:Викифицирање"," 9.73% 31.211 2 Шаблон:Ambox"," 9.27% 29.736 1 Шаблон:Навкутија"," 7.82% 25.067 1 Шаблон:Reflist"],"scribunto":"limitreport-timeusage":"value":"0.064","limit":"10.000","limitreport-memusage":"value":1444411,"limit":52428800,"cachereport":"origin":"mw1250","timestamp":"20190411201055","ttl":2592000,"transientcontent":false););"@context":"https://schema.org","@type":"Article","name":"u0425u0430u0440u0438 u041fu043eu0442u0435u0440 u0438 u041eu0434u0430u0458u0430u0442u0430 u043du0430 u0442u0430u0458u043du0438u0442u0435","url":"https://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A5%D0%B0%D1%80%D0%B8_%D0%9F%D0%BE%D1%82%D0%B5%D1%80_%D0%B8_%D0%9E%D0%B4%D0%B0%D1%98%D0%B0%D1%82%D0%B0_%D0%BD%D0%B0_%D1%82%D0%B0%D1%98%D0%BD%D0%B8%D1%82%D0%B5","sameAs":"http://www.wikidata.org/entity/Q47209","mainEntity":"http://www.wikidata.org/entity/Q47209","author":"@type":"Organization","name":"u0423u0447u0435u0441u043du0438u0446u0438 u043du0430 u0412u0438u043au0438u043cu0435u0434u0438u0438u043du0438 u043fu0440u043eu0435u043au0442u0438","publisher":"@type":"Organization","name":"u0424u043eu043du0434u0430u0446u0438u0458u0430 u0412u0438u043au0438u043cu0435u0434u0438u0458u0430","logo":"@type":"ImageObject","url":"https://www.wikimedia.org/static/images/wmf-hor-googpub.png","datePublished":"2008-08-13T22:02:55Z","image":"https://upload.wikimedia.org/wikipedia/mk/4/43/Harry_Potter_and_the_Chamber_of_Secrets_%28Signature_Edition%29.jpg"(window.RLQ=window.RLQ||[]).push(function()mw.config.set("wgBackendResponseTime":159,"wgHostname":"mw1270"););